
Фудбалскиот сојуз на Албанија најави дека ќе поднесе жалба на казната изречена од УЕФА по прекинот на натпреварот со Србија и дека во случај на одбивање на жалбата е подготвен да се обрати до Судот за спортска арбитража во Лозана.
Албанците сметаат дека се оштетени со одлуката на УЕФА според која мечот е регистриран со 3:0 за Србија и двете страни мора да платат 100.000 евра, па тврдат дека нивните репрезентативци биле физички нападнати од навивачите на Србија и службеното обезбедување.
-Казната е неправедна и несразмерна во однос на случувањата на стадионот. Во моментов чекаме во наредните 10 до 14 дена да ја добиеме официјалната документација од УЕФА, а потоа ќе упатиме и официјална жалба. Неправедно сме казнети и ногу сме разочарани, бидејќи УЕФА не го зема во предвид насилничкото и расистичкото днесување на навивачите на Србија, вели претедателот на ФС Албанија Арманд Дука за Скај Спорт.
Албанците на англиската телевизија објавиле досега невидени снимки снимени со мобилен телефон и на истите се обележани сите личности кои како што велат, биле таму каде не требало, па тоа планираат да го пратат како нов доказ во жалбата.
Новата снимка може да ја погледнете ТУКА.