Србинка си го убила таткото

Полицијата во Ниш ја уапси Д.М. (56) поради постоење основано сомнение дека го убила нејзиниот татко С.Ѓ. (79).

Во текот на утрото пронајден е С.Ѓ. во неговиот стан, со повеќе повреди на главата и телото, од чии последици починал.

Жртвата била неподвижно лице, а инцидентот го пријавила медицинска сестра.

-Полицијата има основани сомнежи дека сторителот е ќерка на починатиот Д.М. и се товари за кривично дело тешко убиство, а понатамошната постапка ќе ја преземе обвинителството, изјави Ивица Дачиќ.