![policija](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2024/08/policija.jpg?resize=696%2C443&ssl=1)
Припадници на специјалните полициски сили од утрово спроведуваат акција во Тетово и Охрид.
-Под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, во тек е голема полициска акција во регионот на Тетово и Охрид. Се вршат претреси на повеќе локации, има и приведени лица, информираат од ОЈО ГОКК.
Со детали од акцијата МВР и ОЈО ГОКК ќе излезат во текот на денот.