
Фритата со зеленчук и фета сирењев можете да ја подготвите за појадок, но и за ручек.
Потребни состојки:
– 5 јајца
– пола црвена пиперка
– 2-3 чешниња лук (може и помалку доколку не сакате многу лук)
– 1 лажица маслиново масло
– 2-3 листови свеж босилек
– 1/4 чаша фета сирење
Начин на подготовка:
Прво исецкајте ги пиперката и лукот. Во тава на ниска топлина, загрејте го маслиновото масло, а потоа дададете ги пиперката и лукот. Пржете ги 2 до 3 минути.
Во еден сад измешајте ги јајцата и додадете сол и бибер по желба. Турете ги во тавата. Оставете ги така неколку секунди, а потоа бавно одделувајте ги јајцата од тавата.
Откако фритатата е готова, посипете над неа од сецканото фета сирење и босилекот. Послужете ја додека е топла.