Затворена Зоолошката градина во Скопје поради мистериозна болест на птиците – птичји грип

Зоолошката градина денеска е затворена, и нема да работи. Евакуирани биле и вработените, пишува Мета.мк.

Како што пренесува порталот, неофицијално се појавила бактерија, а можби и вирус од гуските со кој може да се заразат и луѓето. Мета пренесува дека во последните денови угинале десетици гуски, а се усмртуваат останатите.

Се очекува реакција од Зоолошката во Скопје во текот на денот.

Зоолошката градина во последно време се повеќе е во центарот на вниманието. Пред три дена почина лавот Жика, во август угина и слоницата Дуња.