Почина турскиот клерик Фетула Ѓулен

Турскиот исламистичкки проповедник Фетулах Ѓулен, за кој Анкара вели дека го организирал неуспешниот пуч во 2016 година, почина во САД на 83-годишна возраст, објавија во понеделник турските медиуми и веб-страницата поврзана со неговото вижење.

Ѓулен изгради моќно исламистичко движење внатре и надвор од Турција, но последните години ги помина зашитен во САД а обвинет за организирање на обидот за државен удар против турскиот претсеател Реџеп Таип Ердоган, обвинение што тој го негираше.

Herkul, веб-страница која ги објавува проповедите на Ѓулен, на својот профил Х објави дека Ѓулен починал во неделата вечерта во болница каде што бил на лекување.

Ѓулен извесно време беше сојузник на Ердоган и се смета за негов идеолошки татко, но двајцата имаа спектакуларен разидување. Ердоган го сметаше за одговорен за обидот за државен удар во 2016 година во кој одметнати војници подигнаа воени авиони и хеликоптери и лансираа тенкови. Во обидот за преземање на власта загинаа околу 250 луѓе.

Ѓулен живееше во самонаметнат егзил во американската сојузна држава Пенсилванија од 1999 година.

Ѓулен, поранешен политички сојузник на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган пред повеќе години е обвинет за создавање „држава во држава“ односно паралелни институции во турското општество и оти со неговите приврзаници стои зад неуспешниот обид за воен преврат во јули 2016 година по што Анкара движењето поврзано со него означено како FETO го прогласи за терористичка организација.