Мицкоски ќе се обрати на Европскиот самит во Салцбург посветен на ЕУ и реформите

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски заедно со директорот на Технолошко индустриските развојни зони Гоце Димовски е во посета на Салцбург, Австрија каде има панел и излагање на 20-тиот Европски самит во Салцбург посветен на Европската Унија и реформите на овој пат.

Настанот е во организација на Институтот на регионите на Европа (IRE), Европскиот конгрес со околу 700 гости и над 60 говорници од цела Европа се одржува годинава по 20-ти пат под мотото „ЕУ: Нема иднина без реформи”.

Во текот на утрешниот ден се очекува средби во Австрија на премиерот Мицкоски со австрискиот министер за надворешни работи Александар Шаленберг и претседателот на Австрија Александер Ван дер Бален.