Непознати лица синоќа го оштетиле шестоседот на Попова Шапка

Непознати лица синоќа го оштетиле шестоседот на Попова Шапка. Според првиот човек на општина Тетово Билал Касами тоа е направено тенденциозно за сезоната да почне со проблеми, објави Алсат.

– Имаме информации дека некој таму работи и прави субверзија за да спречи почеток на туристичката сезона или пропаѓање на сезоната. Имаме информации и брзо ќе се постапи по нив – вели Касами.

Тој вели дека поранешниот директор, кадар на ДУИ, го оставил туристичкото место без работници, формирајќи друга компанија.

Директорите на угостителските капацитети на Попова Шапка се во паника поради состојбата, иако ги направиле сите подготовки за старт на сезоната.