Шеесет ишестгодишниот Пол Ди’Ано, поранешен пејач на легендарната група Iron Maiden, почина во својот дом во англискиот град Солсбери, потврди неговото семејство.
Со вистинско име Пол Ендрјус, тој е роден во Источен Лондон во 1958 година, а се прослави како пејач на Iron Maiden во периодо меѓу 1978 и 1981 година, со кого ги сними првите два албума „Iron Maiden“ (1980) и „Killers“ (1981).
Откако беше исфрлен од бендот поради проблеми со алкохолот и дрогите, Ди’Ано настапуваше во групи како што се Killers и Battlezone и сними соло албуми.
Тој беше врзан за Загреб и Хрватска, каде што живееше последните неколку години, тврдејќи дека хрватските лекари му го спасиле животот откако двапати во Англија се заразил со инфекција со стафилококна бактерија (МRSA).
Иако во инвалидска количка, тој продолжи да настапува во Хрватска, на пример во 2022 година по седум гоини го одржа својот прв концерт во „Bikers Beer Factoryj“.
Неговиот ретроспективен албум „The Book of the Beast” беше објавен во септември 2024 година и е неговото најдобро дело откако го напушти бендот, објави Conquest Music.