Претежно сончево

Во средата во Македонија по студеното утро, преку денот ќе биде претежно сончево. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла или ниска облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.

Утринските температури се движат меѓу минус 2 и 5, додека највисоките дневни соодветно ќе бидат во опсегот од 17 до 24 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината утрото е студено, а преку денот ќе биде сончево и претежно тивко. Температурата ќе достигне до 23 степени.