Трамп е сè попопуларен кај Хиспаноамериканците, Харис меѓу белите жени

Републиканецот Доналд Трамп речиси ја избриша големата предност на демократите меѓу Хиспаноамериканците пред претседателските избори на 5 ноември, каде што ќе се соочи со демократката Камала Харис, покажува анкетата на Reuters/Ipsos.

Поранешниот претседател Трамп сега заостанува зад потпретседателот Харис за само 2 процентни поенa меѓу Хиспанoамериканците – 44 проценти до 46 проценти – во споредба со неговото заостанување од 19 роцентни поени во однос на демократот Џо Бајден во исто време во 2020 година, според анализата на повеќе од 15.000 одковори на анектата Reuters/Ipsos спроведена во месецот до 21 октомври и во текот на истиот период во 2020 година.

Добивките на Трамп е надоместен со зголемената поддршка за Харис меѓу белите жени кои го фаворизираа Трамп пред Бајден за 12 процентни поени кон крајот на 2020 година, но сега Трамп заостанува зад Харис за 3 процнетни поена, 46 наспроти 43 проценти.

Двајцата кандидати се во исклучително тесна трка. Промените во посочените анкети се дел од поголемите промени во групите каде што секој кандидат смета на победа.

Трамп го зголеми своето водство меѓу хиспано и црните гласачи – особено мажите – додека Харис го прекина долгогодишното водство на републиканците меѓу белите гласачи стекнувајќи предност кај жените.

Роберт Аломија, хиспаноамерикански гласач во Елизабет, во сојузната држава Њу Џерси, кој работи за фирма за обезбедување, вели дека ја почитува кариерата на Трамп како бизнисмен и планира да гласа за него оваа година.

„Потребни ни се луѓе кои брзо размислуваат и луѓе кои се подготвени да водат – тој е лидер“, вели 42-годишниот Аломија за Reuters, кому му се допаѓа и го одржува ставот на Трамп за имиграцијата.

Хиспаноамериканските гласачи, најбрзо растечкиот сегмент на американскиот електорат, на повеќето претседателски избори од 1970-ти наваму силно се наклонети кон демократите, но Трамп направи значителен напредок.

Анализата на неодамнешната анкета на Reuters/Ipsosс покажува дека Трамп има поддршка од 37 отсто од регистрираните гласачи меѓу Хиспаноамериканците, што е зголемување од 30 отсто во исто истиот период во 2020 година. Харис има 51 отсто, во споредба со 54 отсто на Бајден четири години претходно. Бројките се подложни на грешки во прецизноста меѓу 2 и 6 процентни поени.

Трамп на крајот освои 38 отсто од гласовите на Хиспаноамериканците во 2020 година, 21 процентен поен зад Бајден, но сепак најголем удел за републикански кандидат откако претседателот Џорџ В. Буш освои 44 отсто во 2004 година, според анализата на излезните анкети во 2020 година.

Републиканецот, исто така, е на пат да ја намали силата на демократите во црното гласачко тело. Околу 18 отсто од црните мажи го избрале во неодамнешната анкета на Reuters/Ipsos – што е повеќе од 14 отсто четири години претходно – исто како и 8 отсто од црните жени, што е повеќе од 4 отсто.

Излезните анкети по изборите во 2020 година покажаа дека околу 8 отсто од црните гласачи севкупно го избрале Трамп во 2020 година, додека неодамнешната анкета Reuters/Ipsos покажа дека тој изнесува 12 отсто.