Црвен аларм кој ќе го гаси УЕФА

Секогаш кога има проблем, секое фудбалско раководтсво користи само еден џокер за спас – политичко мешање во работата на Федерацијата.

Тој џокер моментално во Македонија го користи актуелниот претседател на Фудбалскиот сојуз, Муамед Сејдини, кој бара заштита од УЕФА. Нион испрати барање до надлежните институции за итна средба за решавање на прашањата. Веќе добро позната и видена слика во Македонија, секогаш кога федерацијата е нападната, иако ударот доаѓа поради скандали, корупција и малверзации кои немаат врска со политика, но некој од сето тоа сака да најде спас за своите цели, а притоа да не одговора за злоупотреба на системот, пишува црногорскиот портал Лобспорт.ме за состојбите во Фудбалската федерација на Македонија и нејзиниот претседател.

Така, деновиве се очекува пристигнувањето на делегацијата на УЕФА во Скопје на средба со институциите во земјава, на која ќе се отворат картите, а во Нион од прва рака ќе бидат информирани за хаосот што владее во федерацијата, за злоупотребите, проекти и низа други пресврти поради кои во последните денови ФФМ речиси и да не функционира.

Што, како и кога УЕФА може да заштеди?! Дали е мешање во работата на федерацијата ако институциите ја проверуваат работата на федерацијата и работат на сомнителни случаи за корупција?! Ако е претседател на ФФМ, дали е изземен од законите на својата држава?! Ниту еден криминал во светот не е доволен и никаде во светот УЕФА не може да се меша во внатрешниот систем на секоја земја. Најлесно, ако си направил проблем, е да побараш „политички азил“ од УЕФА.

Актуелното раководство на ФФМ има мандат уште неколку месеци и сега на секој можен начин се обидува да ја задржи функцијата, иако тоа е невозможно во овие услови во Македонија. Завршуваат „петте минути“ на Муамед Сејдини, кој на тронот дојде на среќен начин по чудната оставка на Илчо Ѓоргиоски, во чија позадина немаше „политички заговори“, но на ист начин го наследи и Харалампие Хаџи Ристески. Во Македонија ФФМ е позиција која секогаш е посакувана, но последните години нема дуели меѓу двајца кандидати на изборното собрание. Сето ова беше по наредба, директива, а УЕФА никогаш не праша зошто е тоа така. Сега кога гори има преговори, но со која цел, причина и позадина.

Ова е Балкан, и тука нема ништо без политика, иако досега мандатот на Муамед Сејдини беше зацементиран од политиката, со оглед на тоа што тој како лидер на федерацијата присуствуваше на политички митинзи на една партија, даваше поддршка на носителите на листи, се фотографираше со истите… Зошто УЕФА не му забрани да води такви политички кампањи?

Сега проблемот е што имало или немало физички или вербален напад врз претседателот на ФФМ. Инцидентот не беше докажан и потврден од надлежните институции, кои исто така не го потврдија или докажаа обвинението од медиумите во јуни, кога Муамед Сејдини беше фотографиран со автомобил на ФФМ како агитира и дели поткуп на гласачи во Кичево, два дена пред парламентарни избори.

Тотален хаос…

Од друга страна, фудбалот е во хаотична состојба. Освен сениорите, сите останати селекции се пред катастрофални резултати, а клупскиот фудбал е на самото дно во Европа. Од друга страна, има фудбалски објекти, стадиони, трибини, соблекувални и покриви кои се циркуски, смешни и за кои се потрошени милиони пари од хет-трик програмите на ФИФА и УЕФА.

Дното е тука, а дека владее хаос во федерацијата, гласно и јавно коментираат многу еминентни фудбалски личности, од кои најгласниот е најдобриот на сите времиња – Горан Пандев. Што можете да кажете кога на тронот е поставен некој што само можел да сонува за тоа, а сега не сака да се повлече од него и тоа по цена на сите вклучени во фудбалот во Македонија.

Фудбалската федерација на Македонија е пред пеколна зима.