Украинските сили во Курск не разбираат дека се опколени, вели Путин

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека украинските сили во областа Курск не разбираат дека се опколени, пренесува Спутник.

„Украинската армија повеќе не е во состојба стабилно да управува со опколените единици во областа Курск. Луѓето кои се во рингот не ни сфаќаат дека се опколени“, изјави Путин за „Русија 1“.

Според него, непријателот сега се обидува да ги деблокира тие сили.