Врховниот суд на Шпанија пред неколку недели ја укина забраната за рекламирање игри на среќа преку ТВ и Интернет. Пресудата го истакнува приоритетот за регулаторите низ Европа.
Судот заклучи дека забраната нема правна или уставна основа. Дополнително, Судот му наложи на регулаторот да најде рамнотежа помеѓу загарантираната слобода на деловното работење на компаниите – организатори и заштитата на потрошувачите – играчите.
Меѓу отстранетите ограничувања е и укинувањето на претходно постоечката забрана за присуство на познати личности (инфлуенсери) во реклами, што судот го оцени како повреда на слободата на говорот.
Одлуката носи голема промена за целата индустрија за дигитален маркетинг, што укажува на потребата од пропорционално регулирање на деловните активности.