Тен Хaг повеќе не е тренер на Манчестер Јунајтед

Трофејниот англиски премиерлигаш Манчестер Јунајтед во понеделникот официјално објави дека 52-годишниот Холанѓанец Ерик тен Хаг повеќе не е тренер на првиот тим.

Така заврши периодот на Тен Хег на „Олд Трафорд“, кој не беше успешен резултатски. Холанѓанецот дојде во Манчестер Јунајтед во јули 2022 година од Ајакс, а тимот во моментов е на дури 14. место во Премиерлигата.

Разделбата се случи ден по првенствениот пораз од Вест Хем со 1:2, а оваа сезона Манчестер Јунајтед оствари само три победи, две нерешени игри и четири порази во Премиерлигата. Подеднакво неуспешен досега е и во Лига Европа, каде на три натпревара трипати ремизираше.

Единствениот позитивен момент што Тен Хег го доживеа во Манчестер Јунајтед беше освојувањето на ФА Купот минатата сезона кога неговиот тим го победи Манчестер Сити во финалето, додека во сезоната 2022/23 беше освоен Лига купот.

Привремен тренер на Манчестер Јунајтед ќе биде помошникот и сонародник на Тен Хејг, Руд ван Нистелрој, поранешниот легендарен напаѓач на клубот од „Олд Трафорд“.