
Наутро по одделни котлини има појава на слаба магла. Преку ден ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец.
Утринските температури се движат од 0 до 8, додека највисоките во текот на денот соодветно ќе бидат во интервалот меѓу 18 и 26 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината наутро е со услови за слаба магла, а преку денот сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Температурата ќе достигне до 24 степени.