France Football му одовори на Реал Мадрид: Вршеа огромен притисoк врз нас, но бевме фер

Винсент Гарсија, главниот уредник на реномираниот спортски магазин France Football, интервју за спортскиот весник L’Equipe, кој е исто дел од издавачката групација „Groupe Amaury“ која заедно со УЕФА го организира изборот и доделувањето на престижните награди во фудбалот, му одговори на Реал Мадрид кој во понеделникот ја вознемири фудбалската јавност со тоа што не се појави на доделувањето на „Златната топка“ во парискиот „Theatre du Chatelet“.

Претходно вчера „протече“ информација за тоа дека Бразилецот Винисиус Жуниор кој е една од ѕвездите на „Кралскиот клуб“, ќе остане без престижната награда што ќе ја добие играчот од средниот ред на Манчестер Сити и шпански репрезентативец Родриго, што на крајот се покажа како точно.

Сега Гарсија откри дека бил под голем притисок од Реал Мадрид, но дека сакал да биде јасен и искрен до крајот.

„Винисиус настрада поради присуството на Џуд Белингем и Дани Карвахал во првата петорка, бидејќи тоа математички му одзеде неколку бодови, а ја сумира и сезоната на Реал, кој имаше тројца или четворица играчи кои ‘искокнуваат’ во секој момент. Жирито ги подели своите одлуки меѓу тројцата што на крајот му одговараше на Родри“, рече Гарсија и потоа додаде:

„Имав голем притисок од Реал Мадрид, но секогаш бев јасен и искрен. Ним и на сите други клубови јасно им ставивме до знаење дека оваа година победникот нема да биде информиран (претходно – з.р.). Сите клубови на фаворитите инсистираа да ја добијат информацијата. Мислев дека сите се согласија, но во последен момент, не знам зошто, некои луѓе ги фати паника и сакаа да ги променат правилата на игра. Можеби имаа некое чувство, можеби Ел Класико не помогна. Не сум сигурен дека беа 100 проценти сигурни дека Винисиус нема да ја освои Златната топка“.

Организаторот на доделувањето на Златната топка, L’Equipe, тогаш остро ја критикуваше одлуката на „Кралевите“ да не дојдат во Париз на големата церемонија.

„Изборен и морален пораз“, е насловот на веста во која колумнистот Винсент Дулук пишува за одлуката на Реал Мардид“, а потоа продолжува:

„Реал Мадрид не прифаќа победникот а се знае однапред, па затоа одбиваат да дојдат во Париз, земајќи ги како заложници другите добитници на награди како Карло Анчелоти и Килијан Мбапе. Клубот од Мадрид одлучи да ја погази вредноста што ја има оваа награда и општото правило на спортот, кое се состои во почитување на победникот“, додава Дулук.

И селекторот на Шпанија, Луис де ла Фуенте, не беше среќен поради отсуството на Реал Мадрид на церемонијата за доделување на Златната топка, која се одржа во театарот Шателе.

„Не е добро за фудбалот што клуб како Реал Мадрид не е присутен на вакви претстави“, изјави селекторот на Шпанија за тиражниот дневвен весник El Pais.