Трансформацијата на автомобилската индустрија може да ја чини Германија 186.000 работни места до 2035 година, утврди здружението VDA, истакнувајќи дека приближно една четвртина од нив се веќе затворени.
Во периодот од 2019 до 2023 година, веќе се укинати 46.000 работни места во автомобилската индустрија, главно во транзицијата кон електрични возила, покажала студијата спроведена од истражувачкиот институт „Prognos“ објавена во вторникот.
Од Здружението на автомобилските компании посочуваат дека конкурентноста на германските компании е ослабена поради скапата електричнма енергија, високите даноци и сѐ поголемата бирократија.
Гигантот во автомобилската индустрија во најголемата европска економија „Volkswagen“, предупредува делка ќе затвори најмалку три фабрики во матичната Германија, што ќе предизвика отпуштања на десетици илјади вработени и да го намали производството во преостанатите погони.
„Факт е дека ни треба конкурентна локација со соодветни политички рамковни услови за да се задржи што е можно повеќе додадена вредност и работни места во Германија и да се отворат нови работни места“, се вели во извештајот на VDA.