![pomos-brza](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/07/pomos-brza-1.jpg?resize=696%2C463&ssl=1)
Со тешки телесни повреди вчера се здобил 58-годишниот М.М. од кратовското село Туралево додека извршувал работни задачи во фабрика во Пробиштип.
Како што соопшти МВР, случајот синоќа во 21:00 часот бил пријавен во Полициската станица Пробиштип од итната медицинска помош.
На местото на настанот излегле полициски службеници од Полициската станица Пробиштип.