![Donald Tramp](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Donald-Tramp.webp?resize=696%2C392&ssl=1)
Поранешниот американски претседател и републикански кандидат за претседател на САД, Доналд Трамп изјави дека е „спротивност на нацистите“. Претходно, демократската ривалка Камала Харис и неколку поранешни соработници го окарактеризираа како „фашист“.
Трамп исто така ја нарече Харис „фашист“, додавајќи дека таа е и демократ, а покрај тоа и „марксист“.
Тој рече дека неговиот татко му дал совет во минатото никогаш да не ги користи зборовите „нацист“ и „Хитлер“.