Во средата во Македонија наутро по одделни котлини има услови за појава на магла. Во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Во планинските региони ќе има зголемена облачност и услови за слаб повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Уринските температури се движат од 1 до 10, додека највисоките во текот на денот соодветно ќе бида во интервалот меѓу 15 и 24 Целзиусови сепени.
Во Скопје и наутро во делови од котлината има услови за појава на слаба магла, а преку денот сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, со температура до 22 степени.