Врховниот суд на САД го одби барањето на Кенеди да го отстрани од гласачките ливчиња во Висконсин и Мичиген

Американскиот Врховен суд во вторникот го отфрли барањето на поранешниот независен претседателски кандидат Роберт Ф. Кенеди рече дека сака гласачите кои ќе го поддржат да гласаат за Доналд Трамп.

Сојузните држави Мичиген и Висконсин се меѓу неколкуте клучни сојузни држави кои се очекува да одлучуваат за исходот од трката меѓу Трамп и демократката Камала Харис.

Конзервативниот судија Нил Горсух не се согласи со одлуката којашто се однесува на Мичиген, а ниту еден друг судија од Врховниот суд јавно не изнесе издвоено мислење.

Кенеди, познат по неговите иницијали РФК Џуниор, побара интервенција од Врховниот суд во неговиот обид да биде кандидат во некои држави, додека во други се откажа од трката. Во септември, судот ја одби неговата понуда да се врати на изборите во државата Њујорк.

Во август, Кенеди ја прекина кампањата и се повлече од трката во голем број републикански држави и ги повика своите поддржувачи да гласаат за поранешниот претседател Трамп.

Во својата правна битка, Кенеди тврдеше дека државните функционери во Висконсин и Мичиген го кршат Првиот амандман на Уставот на САД со тоа што го принудија да остане на гласачкото ливче откако тој побара да биде отстрането од него неговото име.