Украина и Русија се во рана фаза на преговори за можен крај на меѓусебните воздушни напади врз енергетската инфраструктура, објави во вторникот Financial Times, цитирајќи неименувани извори запознаени со преговорите.
Во написто, FT повикувајќи се на извори меѓу кои и високи украински функционери, објави дека Украина побарала продолжување на разговорите кои биле блиску до договор во август годинава, остварени со посредство на Катар.
Преговорите заглавија бидејќи Украина во првата седмица од август започна офанзива со нејасни цели врз руската област Курск, близу границата со Украина која се очекува следниот месец да биде завршена со голем неуспех на украинските сили.
„Има првични разговори за можно продолжување на нешто“, изјавил дипломат информиран за овие преговори, објави весникот. „Сега се преговара за енергетската инфраструктура.
На новинарско прашање на редовниот дневен брифинг во врска со извештајот на FT, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека има многу лажни вести, дури и во најугледните медиуми, кои „немаат никаква врска со реалноста“.
Руското Министерство за одбрана, кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски и украинското Министерство за одбрана не одговориле на барањето на Reuters за коментар.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во септември изјави дека Русија уништила повеќе од половина од енергетската инфраструктура на Украина. ЕУ има намера да обнови 2,5 GW капацитет, што е околу 15 отсто од потребите на земјата, рече таа.