Попладнево се одржа седница на Советот на општина Гази Баба на која на дневен ред се најде ребаланс на буџетот на општината со цел зголемување на буџетот за 3 милиони евра, средства кои Гази Баба ги доби по јавниот повик од Владата на Република Македонија за финансирање на инфраструктурни проекти.
Скандалозно е тоа што Советниците во Советот на општина Гази Баба од редовите на СДСМ и Левица не дадоа поддршка за донесување на ребалансот на буџетот со што тие директно се против реализација на 4 капитални проекти кои општина Гази Баба ги добива со финансиска поддршка од Владата.
Ребалансот на буџетот беше донесен со поддршка од гласовите на Советниците од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата со што се отвара патот за реализација на проектите како што се нова детска градинка во Инџиково, културен дом во Ченто, спортска сала во Црешево и нова улица помеѓу Маџари и Керамидница која е услов за изградба на нова градинка на тој простор следната година.