Берзанските индекси паднаа на њујоршки Волстрит во средата, при што Nasdaq се лизна од рекордно високо ниво, најмногу поради падот на цените на технолошките компании.
Инексот Dow Jones загуби 0,22 отсто, на 42.141 поен, додека S&P 500 се лизна за 0,33 отсто, на 5.813 поени, а индексот Nasdaq загуби 0,56 отсто, на 18.607 поени.
Тргувањето беше несигурно а инвеститорите ги анализираа деловните извештаи на компаниите. Иако повеќето компании пријавуваат подобри резултати од очекуваните, има и неуспеси, што предизвикува несигурност.
Меѓу најголемите добитници беше „Alphabet“, со растот на цената на неговата акција за речиси 3 отсто, бидејќи матичната компанија на интернет пребарувачот Google објави приходи и заработка повисоки од очекуваните.
Благодарение на ова, меѓу ретките добитници вчера се најде и комуникацискиот сектор, а најмногу паднаа цените на акциите во секторот информатичка технологија, во просек за 1,3 отсто.
Во исто време акциите на производителот на чипови „Nvidia“ паднаа за 1,4 отсто, а значително повеќе потонаа цените на AMD, „Qorva“ и „Super Micro Computer“.
Вчера беа објавени и податоци за растот на американскиот бруто домашен производ (БДП) од 2,8 отсто на годишно ниво во третиот квартал, побавно отколку што очекуваа аналитичарите во анкетата на Reuters.
Од друга страна, агенцијата за вработување ADP извести дека во октомври бројот на вработени е зголемен за 233.000, повеќе од очекуваното.
Во продолженото тргување по затворањето на Волстрит, акциите на „Meta platforms“ и „Microsoft“ паднаа за повеќе од 3 отсто откако технолошките гиганти објавија заработка.
Поради ова, во моментов терминските (фјучерсите) S&P 500 и Nasdaq индекси се во минус за повеќе од 0,3 отсто, што навестува пад на овие индекси на почетокот на тргувањето во четврток.
Цените на акциите вчера паднаа и на европските берзи. Лондонски FTSE индексот ослабе за 0,73 отсто, на 8.159 поени, додека франкфуртски DAX се лизна за 1,13 отсто, на 19.257 поени, а париски CAC за 1,10 отсто, на 7.428 поени.