Северна Кореја соопшти дека тестирала интерконтинентална балистичка ракета (ICBM), „најмоќното стратешко оружје во светот“, во четвртокот, додека Сеул предупреди дека Пјонгјанг наводно може да добие ракетна технологија од Русија за наводна помош во нејзината војна во Украина.
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун присуствувал на лансирањето на ракетата и рече дека тестот е предупредување за непријателите кои ја загрозуваат безбедноста на земјата, објави државната новинска агенција KCNA.
„Пробното лансирање е соодветна воена акција која целосно ја исполнува целта за информирање на ривалите, кои неодамна намерно ја ескалираа регионалната ситуација и претставуваат закана за безбедноста на нашата земја, за нашата подготвеност да дејствуваме“, рекол Ким, цитиран од KCNA.
Западните аналитичари велат дека „покажувањето мускули“ доаѓа во време на меѓународна осуда поради, како што вели Западот, навоното распоредување на 11.000 севернокорејски војници во Русија – 3.000 од нив во близина на украинскиот фронт, но не се наведува точно во која област. Според повеќето извештаи, севернокорејските војници би биле распоредени на руска територија близу границата, со цел да се ослободат руските единици ангажирани во регионот Курск на фронтот во источна Украина.
Лансирањето од Северна Кореја,, наиде на осуда од Јужна Кореја, Јапонија и САД.
Ден претходно, Сеул објави дека има индиции оти Северот би можел да тестира ICBM проектил или да изврши седма нуклеарна проба околу претседателските избори во САД во вторник, сакајќи да го привлече вниманието на својата растечка воена моќ.
Шин Сеунг-ки, шеф на корејското воено истражување во државниот Корејски институт за одбранбени анализи, вели дека лансирањето најверојатно ќе ги тестира подобрените перформанси на постоечкиот ICBM „веројатно со помош на Русија“.
„Северна Кореја ќе сака да продолжи да добива ваков вид помош, бидејќи заштедува време и трошоци додека ги подобрува перформансите и ја унапредува стабилноста на својот систем за оружје“, рече тој.
Откако се најде под притисок поради нејзиниот ангажман со Русија, „намерата на Северна Кореја можеби е да покаже дека нема да се поткопува под притисок, дека ќе одговори на сила со сила, а исто така ќе бара одредено влијание на претседателските избори во САД“, додаде тој. Шин.
Лансирањето, кое се случи утрото во четвртокот, беше најдолгото тестирање на севернокорејската балистичка ракета досега, со времетраење од 87 минути, според јужнокорејските експерти.
Агенцијата KCNA соопшти дека тестот поставил нови рекорди за ракетните способности на Северна Кореја. Ракетата била лансирана од област во близина на главниот град Пјонгјанг и паднала во морето на околу 200 километри западно од јапонскиот остров Окушири кај Хокаидо.
Достигнала височина од 7.000 километри и прелетала растојание од 1.000 километри, објави јапонската влада.
ICBM беше лансиран под остар агол, а таа ракетна траекторија имала цел да го тестира неговиот потисок и стабилност на многу пократки растојанија од неговиот дизајниран дострел, делумно заради безбедност и да се избегнат политичките последици од испраќањето на ракетата далеку во Пацификот.
Најновиот севернокорејски ICBM, наречен „Хвасонг-18“, беше тестиран минатиот декември. Напојуван од цврсто гориво и истрелан од мобилен лансер, исто така беше лансиран под остар агол и леташе 73 минути, давајќи му потенцијален дострел од 15.000 километри на нормална траекторија. Тоа е растојанието што го става секој дел од копното на Соединетите држави во дострел на проектилот.
Последниот тест на Пјонгјанг се случи само неколку часа откако американскиот секретар за одбрана Лојд Остин и неговиот јужнокорејски колега Ким Јонг-хјун се сретнаа во Вашингтон за да го осудат распоредувањето на севернокорејски трупи во Русија.
Ниту Москва, ниту Пјонгјанг директно не го признаа распоредувањето, но рускиот амбасадор во ОН, Василиј Небензија во средата се запраша зошто нејзините сојузници како Северна Кореја не можат да ѝ помогнат на Москва во војната против Украина, имајќи предвид дека западните земји тврдат дека имаат право да му помогнат на Киев.
Јужна Кореја рече дека распоредувањето е директна закана за нејзината безбедност бидејќи Северот ќе добие значајнно борбено искуство во модерното војување, а Москва веројатно ќе го награди со „трансфер на технологија“ во области како што се тактичко нуклеарно оружје, ICBM, подморници со балистички ракети и воени извидувачки сателити.