Полицаецот од Босанска Крупа, кој беше тешко повреден од малолетниот напаѓач кој претходно го уби неговиот колега, сведочел дека убиецот извикувал исламски пароли во текот на нападот и рекол дека е убеден дека самиот напад бил внимателно испланиран.
Ова го вели полицаецот Авдо Хасановиќ во изјавата што во четвртокот ја емитуваше сараевски Dnevni avaz, во која за првпат опишува каков бил нападот врз полициската станица, извршен на 24 октомври од страна на 14-годишниот Е.С., што истражителите го оквалификуваа како терористички акт.
Малолетниот убиец влегол во полициска станица со качулка на главата, па не му го гледале лицето. „Кога влегуваше низ вратата, рече: ‘Текбир, Алаху екбер (Алах е најголем)“, рекол Хасановиќ, опишувајќи ги моментите пред нападот.
Напаѓачот веќе подготвил нож кога влегол во канцеларијата во која биле Хасановиќ и неговиот убиен колега Озрен Маран.
„Мојот колега Маран седеше, во тој момент тој веднаш стана. Јас го зграпчив (напаѓачот), а тој (Маран) ми притрча сао палка да го удри тој човек и да му го избие ножот. Во тој момент тоа момче ми го забоде ножот на Маран“, рекол Хазановиќ.
Како што вели, во еден момент ножот му испаднал на напаѓачот и тој успеал да го удри, но и самиот се здобил со повреда со нож на лицето и грбот. Хасановиќ рекол дека успеал да го задржи напаѓачот, додека Маран повикал други колеги кои потоа го совладале 14-годишното момче и му ставиле лисици.
Озрен Маран почина од повредите, а Хасановиќ се здоби со убодна рана длабока пет сантиметри, која била санирана во болницата на Бихаќ. Сега вели дека очекува само правдата да биде задоволена.
Истрагата ги доведува во прашање контактите и каналот на индоктринација
Обвинителството на БиХ, кое ја презеде истрагата за нападот, во моментов ја истражува врската меѓу Е.С. и училиштето за изучување на Куран во Босанска Крупа што го посетувал, бидејќи претпоставуваат дека таму бил радикализиран.
Петмина мажи поврзани со тоа училиште сега се во фокусот на истрагата, а Судот на Босна и Херцеговина нареди да им биде одреден домашен притвор или мерка со која им се забранува да го напуштат местото на живеење. Има индиции дека училиштето, каде што малолетниот убиец од септември посетувал настава, е формирано од лица поврзани со вахабистичкото движење.
Медиумите во БиХ претходно, повикувајќи се на неименувани полициски извори, изјавија дека Исмет Седиќ, вујкото на малолетниот убиец, бил тој што го поврзал со вахабистите. Но Седиќ, кој не беше ниу приведен, категорично негираше каква и да е поврзаност со вахабистите, велејќи дека исклучително ретко го гледал Е.С. Тој смета дека неговиот внук бил индоктриниран, но не кажа во кого се сомнева.
„Го намамиле детето и ја искористиле приликата додека мајка му била во Сараево (на операција), биејќи му даде бубрег на својот брат. Ја искористиле неговата слабост и го вовеле во некои игри“, вели Седиќ.
Меѓу уапсените минатиот викенд беше и Хакија Кануриќ, професор на Исламскиот педагошки факултет во Бихаќ. Набрзо бил ослободен без никакви мерки за забрана, а потоа во објава на Facebook тврди дека зад нападот врз полицајци најверојатно стои индоктринација преку социјалните мрежи.
„За жал, не можеме да ги контролираме сите содржини што се објавуваат, но можеме и мораме да контролираме што и до кој степен ќе гледаат нашите деца. Образованието и вредностите се учат од родителите и заедницата, а не од непроверени извори на интернет“ напиша Кануриќ.