Англија и Велс воведоа ограничени зони околу клиниките за абортус

Во Англија и Велс во четвртокот стапија на сила забранетите зони околу болниците и клиниките кои вршат абортуси стапија, така што секој обид да се влијае на одлуката на жената и да се попречи пристапот до таа здравствена услуга ќе се смета за кривично дело.

Британското Министерство за внатрешни работи соопшти дека ќе бидат поставени безбедни зони на 150 метри од болницата „за да се заштитат жените кои бараат абортуси од стрес и вознемирување“.

Полицијата и обвинителството ќе пристапат поединечно на секое прекршување, но во зоната не се дозволени летоци, протести против абортусот или викање на жените кои доаѓаат во болница.

Молитвата, вклучително и тивка, исто така може да се смета за кривично дело и прекршителите ќе бидат казнети.

„Идејата дека жените се направени да се чувствуваат небезбедни и малтретирани затоа што сакаат да имаат здравствена услуга е болна. Ние ставаме крај на тоа денеска“, рече министерот Џес Филипс.

Повеќето абортуси во Англија, Велс и Шкотска се вршат пред 24-та седмица од бременоста. Абортуси по овој период се можни во исклучителни случаи кога животот на жената е загрозен или тешки абнормалности на плодот.

Законот, кој долго време го бараа активистите за правата на жените, беше усвоен од парламентот минатата година.