Стапката на невработеност во еврозоната била стабилна во септември, а показателот е двоцифренкај младите, покажа во четвртокот објавениот извештај на европската агенција за сатистика.
Во 20-члената еврозона, стапката на невработеност мерена според методологијата на Меѓународната организација на трудот (ILO) во септември изнесувала 6,3 отсто и е непроменета во однос на ревидираната проценка за август. Во однос на септември 2023 година е понизок за 0,3 процентни поени.
И во 27-члената Европска унија стапката на невработеност во септември се задржала на нивото од крајот на летото кога изнесуваше 5,9 отсто. Во септември минатата година изнесуваше 6,1 отсто.
Eurostat проценува дека нешто повеќе од 13 милиони граѓани биле невработени во ЕУ во септември, од кои речиси 10,9 милиони биле во еврозоната.
Месечната споредба покажува дека бројот на невработени во еврозоната во септември се зголемил за 13.000, а во ЕУ за 61.000. На годишно ниво е намален за 330 илјади во еврозоната и за 226 илјади во ЕУ.
А во септември само Шпанија забележа двоцифрена стапка на невработеност од 11,2 отсто. Најблиску до неа повторно била Грција со стапка на невработеност од 9,3 отсто. Блиску се Шведска и Финска, каде што беше 8,5 и 8,4 отсто, соодветно.
Пониски стапки на невработеност во септември бележеле Хрватска со 4,8 отсто, во друштво на Кипар и Унгарија со стапки на невработеност од 5,0 и 4,5 отсто, соодветно.
Чешка и Полска повторно забележале најниска стапка на невработеност, 2,8 и 2,9 отсто, соодветно. Следува Малта со 3 отсто, а блиску се Словенија и Германија со 3,4 односно 3,5 отсто.
Без промени и кај невраотеноста меѓу младите
Во возрасната група до 25 години, стапката на невработеност во еврозоната во септември изнесувала 14,4 отсто и е за 0,1 процентен поен повисока отколку во август. Споредено со истиот месец лани е пониска за 0,4 процентни поени.
Во ЕУ, пка, е зголемена за 0,3 процентни поени, на 14,8 отсто, исто колку и во септември минатата година.
Статистичарите проценуваат дека речиси 2,9 милиони млади луѓе биле невработени во ЕУ во септември, од кои речиси 2,3 милиони биле во еврозоната. Споредено со истиот месец лани, бројот на невработени млади е намален за 68.000 во еврозоната, а за 16.000 во ЕУ.
Според достапните податоци, Шпанија забележала и највисока стапка на невработеност кај младите во септември, од 26,5 отсто. Најблиску до неа повторно беше Шведска, каде што изнесуваше 24,7 отсто.
Следуваат Португалија и Словачка, со стапки на невработеност кај возрасната група до 25 години од околу 21,5 отсто. Во групата земји со стапки над 20 отсто, се само Естонија и Луксембург, каде што се 20,8 и 20,3 отсто, соодветно. Најблиску до нив е Литванија, со стапка на невработеност кај младите од 19,8 отсто.
Убедливо најниска стапка на невработеност кај младите е забележана во Германија во септември, од 6,9 отсто. Во групата земји со едноцифрени стапки и понатаму се само Холандија и Малта, каде таа изнесуваше 9,0 односно 9,4 отсто, покажуваат табелите.
Белгија, Кипар, Романија, Словенија и Хрватска објавуваат свои квартални податоци за невработеноста кај младите. Eurostat немал податоци за Романија.