
Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ ужива убедлива доверба кај граѓаните. Според најновата анкета на ИПИС, на прашањето за доверба во политичките партии граѓаните изразиле 26 отсто доверба во ВМРО ДПМНЕ.
Следуваат СДСМ, ДУИ и ВЛЕН сите со идентична доверба од 7 насто. По нив е Левица со 5% и ЗНАМ со 4 проценти, информираше на денешниот брифинг со новинарите премиерот Христијан Мицкоски.
Едната анкета е спроведена во период од 9-ти до 13 октомври на 1.500 испитаници, а теренската анкета е спроведена од 1-ви до 20 октомври на 1005 испитаници.