Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ ужива убедлива доверба кај граѓаните. Според најновата анкета на ИПИС, на прашањето за доверба во политичките партии граѓаните изразиле 26 отсто доверба во ВМРО ДПМНЕ.
Потоа следуваат СДСМ, ДУИ и ВЛЕН сите со идентична доверба од 7 отсто. По нив е Левица со 5% и ЗНАМ со 4 проценти.
Доколку се одржат парламентарни избори за која партија би гласале?
ВМРО ДПМНЕ 26 отсто
ДУИ 7
СДСМ 7
Левица 5
Вреди 7
ЗНАМ 2
Алијанса Села 1
Друго 1
Неодлучни 7
Одбива да одговори 14
Не гласа 23
Најголема поддршка кај граѓаните има Христојан Мицкоски со 27,8 отсто, потоа следи Али Ахмети со 8,6 проценти, па Венко Филипче 5,5, Максим Димитриевски 4,3 итн.
Во кој политичар имате најголема довера?
Ниеден 26,5
Друг 2.6
Нз/но 7.8
Христијан Мицкоски 27.8
Али Ахмети 8,6
Африм Гаши 2.1
Билал Касами 1.4
Димитар Апасиев 4.0
Максим Димитриевски 4.3
Димитар Ковачевски 0.0
Никола Груевски 1.1
Арбен Татавари 2.7
Бранко Црвенковски 1.5
Стево Пендаровски 1.1
Изет Меџити 1.9
Венко Филипче 5.5
На прашањето дали го подржувате францускиот предлог, одбивале да одговорат 19 отсто од учесниците во антектата, 28 проценти го подржуваат, а дури 53 насто не го подржуваат.
Дали мислите дека треба да се изврши промена на Уставот и да се почнат преговорите со ЕУ доколку промената на Уставот има одложено дејство?
Три проценти одговориле негативно, додека 52 проценти потврдно, а 9 не одговариле.
На прашањето во каква насока се движи РМ, 25 отсто сметаат дека во позитивна, 24, 9 донекаде позитивна, 12,5 донекаде негативна, а 23,4 отсто мислат дека оди во негативна и 13,2 не знаат.
Какво е вашето мислење за работа на Владата во првите 100 дена?
Позитивно 28.4 отсто
Донекаде позитивно 27.1
Донекаде негативно 9.3
Негативно 21.6
Нз/но 13.6
Доколку се земе во предвид работата на Владата во првите 100 дена дали сметате дека таа ке биде подобра или полоша од претходната власт на СДСМ и ДУИ?
Подобра 51.1 проценти
Полоша 12.7
Иста 28.6
Нз/но 7.6
Според вас, кој е најголем проблем со кој се соочува Македонија и владата мора поднитно да го решава?
Криминал и корупција 37,5
Економија и животен стандард 19,7
(И потоа се невработеност, високи цени, квалитет во образование, здравство итн…)
Едната анкета е спроведена во период од 9-ти до 13 октомври на 1.500 испитаници, а теренската анкета е спроведена од 1-ви до 20 октомври на 1005 испитаници.