
Во мултимедијалниот културен центар „Матица екслузив„ од Скопје утре ќе се одржи промоција на поетската книга „Збор за зборот“ од Златко Жоглев, Даниела Трајковска и
Гордана Стојаноска. Во заедничкото дело на тројцата автори застапени се шеесет песни, во кои се говори за мноштво социјални, родољубиви и љубовни теми.
Книгата ќе ја промовираат писателите Панде Манојлов и Паскал Гилевски.