Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ соопшти попладнево дека загинале 11 лица, односно дека од урнатините на Железничката станица во Нови Сад биле извлечени 13 тела.
Тринеаесет загинати и неколкумина тешко повредени кои се во критична состојба е новиот биланс на тешката несреќа предизвикана во петокот околу пладне со уривање на покривот на железничката станица во Нови Сад, потврди за белградските медиуми српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ.
Дачиќ за ТВ Пинк изјави дека три лица се извлечени од под урнатините, единствените за кои се знае дека го преживеале уривањето на настрешницата на станицата.
Директорката на Универзитетскиот клинички центар во Нови Сад, Весна Туркулов, за новинарите потврди дека тројцата помлади се во многу тешка состојба со повреди опасни по живот.
Владата на Србија го прогласи 2-ри ноември за ден на жалост, а градоначалникот на Нови Сад прогласи тридневна жалост во градот.
За петок навечер е најавено обраќање на српскиот претседател Александар Вучиќ.