По студентото утро со услови за појава на магла по котлините, во текот на денот во понеделникот на територијата на Македонија ќе преовладува сончево време со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, поизразен долж Повардарието.
Утринските температури се движат од минус 2 до 8, додека максималните дневни соодветно ќе бидат во интервалот меѓу 13 и 21 Целзиусов степен.
Во Скопје и околинаа утрото е постудено со услови за појава на слаба магла. Во текот на денот претежно сончево со слаб до умерен северен ветер. Температурата ќе достигне до 20 степени.