Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ го предводеше својот Далас и до четвртата победа во сезоната. Овој пат Маверикс беа подобри од Орландо славејќи со 105-85.
Прв играч на натпреварот беше Дончиќ кој постигна 32 поени, а беше блиску и до трипл-дабл учинок проследен со девет скокови и седум асистенции. Вагнер беше прво име кај Орландо со 13 поени, 6 скокови и 6 асистенции.
Во остнатите натпревари:
Њу Орлеанс – Атланта 111-126
Бруклин – Детроит 92-106