Пропалестински активисти упаднаа во седиштето на фудбалскиот сојуз на Франција

Пропалестински активисти упаднаа во понеделникот во просториите на Француската фудбалска федерација (FFF) во Париз протестирајќи против организацијата на натпреварот ворамките на од Лигата на нации на „Триколорите“ против Израел на 14. ноември на париски „Стад де Франс“.

Дваесетина демонстранти упаднале во просториите на FFF, протестирајќи против одржувањето на споменатиот натпревар.

Демонстрантите седнале во салата на Федерацијата, пред витрината со трофеи, истакнувајќи натписи и транспаренти „Не за натпревар Франција-Израел“, „Стоп за геноцидот“, „Ослободете ја Палестина“, „ФФФ забрани го Израел“, пеејќи ја песната на француското движење на отпорот од Втората светска војна.

Активистите се задржале околу еден час, a се повлекле откако била одобрена средбата на двајца нивни претставници со првиот човек на FFF.

Натпреварот Франција-Израел е закажан за 14. ноември на „Стад де Франс“ и е прогласен за „натпревар од висок ризик“. Првиот натпревар се одигра на 10. октомври во Унгарија, а „Триколорите“ победија со 4:1.

По четири кола од групата 2 од елитната дивизија на Лигата на нации, Франција го држи второто место со девет бодови, зад водечката Италија која има бод повеќе. Белгија има четири, а Израел е без бодови.