
Директорката на американската агенција за кибернетичка и инфраструктурна безбедност (CISA), Џен Истерли, во понеделникот изјави дека нејзиниот оддел нема докази за каква и да е активност што може директно да влијае на исходот на изборите, и покрај поплавата од дезинформации.
Итсерли додаде дека изборите во 2024 година се обележани со „невиден број дезинформации“ од странски противници.
Американските разузнавачки агенции предупредија дека Русија и другите актери наводно имаат намера да шират приказни кои предизвикуваат поделби во пресрет на изборите, обвинение што Русија категорично го отфрли.
Високaта функционерка на CISA рече дека постои голема веројатност дека странските дезинформации ќе продолжат со седмици и месеци по изборите.
Истерли тврди и дека „изборната инфраструктура никогаш не била посигурна и подобро подготвена да спроведе безбедни, слободни и фер избори“.