Мисајловски на конференцијата „НАТО – 75 години единство, соработка и колективна одбрана: Безбедносни предизвици за Европа“

Министерот за одбрана, Владо Мисајловски денеска учествуваше на конференцијата „НАТО – 75 години единство, соработка и колективна одбрана: Безбедносни предизвици за Европа“.

-Денеска учествував на конференцијата организирана од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, Konrad-Adenauer-Stiftung Skopje и Wilfried Martens Centre for European Studies, насловена „НАТО – 75 години единство, соработка и колективна одбрана: Безбедносни предизвици за Европа“, пишува на социјалната мрежа Фејсбук министерот Мисајловски.