Протест во Нови Сад, во хаосот се бара одговорност за несреќата

Неколку илјади граѓани се собраа во вторникот вечерта на протестен состанок во Нови Сад поради смртта на 14 лица во уривањето на бетонската настрешница на железничката станица, барајќи да си поднесат оставка сите директно и индиректно одговорни за трагедијата, како и да бидат кривично одговара.

Настрешницата падна врз патниците на 1-ви ноември, при што загинаа 14 лица, главно млади луѓе, додека други тројца се тешко повредени и сѐ во критична состојба.

По краткиот говор на организаторите, демонстрантите се упатија кон градското собрание на Нови Сад, кое го обезбедуваат голем број полицајци опремени со опрема за разбивање демонстрации, јавуваат локалните медиуми. Демонстрантите, најпрво истураа боја и фекали врз зградата, а потоа се обидоа да влезат во објектот.

Медиумите јавуваат дека и на други локации во Нови Сад се одвива „хаос“ и „дивеење“ на демонстрантите, и се обвинува опозицијата дека стои зад протестите кои и самата ги најавила како „немирни“. Се известува и дека во Нови Сад, опозицијата организирала доаѓање на свои приврзаници и од другите српски градови.

Обраќањето на организаторите започна со едноминутно молчење и читање на имињата на жртвите, додека граѓаните го прекинаа говорот со извици „Убијци, убијци“ и носеа транспаренти на кои пишуваше „Рацете ви се крвави“, „Сега или никогаш “, „Тоа ме засега мене“.

„Ќе одговорите, затоа што овие луѓе загинаа поради вас. Поради пропадното општество што го создадовте. Сакате да ја ставите цела Србија под ваш покрив. Нема да ви дозволиме да го направите тоа“, беше речено меѓу другото во обраќање во кое беа критикувани претседателот на Србија, премиерот и некои министри.

Во пресрет на митингот, опозицијата предупреди дека владата, односно владејачката Српската напредна партија (СНС), со помош на навивачки групи, има намера да предизвика немири во главниот град Војводина. Како што пренесува порталот „021.rs“, опозицијата вели дека масовниот одзив на граѓаните на протестот ќе ги осуети нивните намери, а власта во понеделникот стапила во контакт со одредени навивачки групи кои одбиле да соработуваат.

„Протестот ќе биде досега најголемата манифестација на волјата и одлучноста на народот за промена на монструозниот вредносен систем во нашето општество и затоа никој не може да биде исплашен од грст хулигани“, се заклучува.

Протестот продолжува со собир пред Градското собрание кое го обезбедуваат силни полициски сили.