Искршени се прозорците преку кои се уфрлени факели во Градското собрание на Нови Сад што предизвикапламен, иако организаторите на протестот се обидуваат да се оградат од хаосот и безредијата и ги повикаа граѓаните да не фрлаат камења и остри предмети кон седиштето на градската управа на Ново Сад, чие разрешување ја бараат демонсрантите по трагедијата на тамошната железничка станица.
Млади мажи со качулки и маски почнаа да ја кршат вратата. Полицијата поради тоа употреби солзавец.
Пред тоа, пред влезот на градската куќа беа истурани фекалии од цистерната што ја донесе тракторот на организаторот на протестот, инаку опозициски активист.
Водачите на протестот, советници и претставници на опозиијата, непознато од кои причини се обидуваа да влезат во Градското собрание, кон кое граѓаните фрлаат црвена боја и пластични шишиња.
Пред таа зграда во центарот на Нови Сад има голем број демонстранти.
Локалните медиуми јавуваат дека ситуацијата е крајно тензична и дека во секој момент може да интервенира и полицијата која одвнатре го обезбедува објектот.
Медиумите јавуваат дека и на други локации во Нови Сад се одвива „хаос“ и „дивеење“ на демонстрантите, и се обвинува опозицијата дека стои зад протестите кои и самата ги најавила како „немирни“. Се известува и дека во Нови Сад, опозицијата организирала доаѓање на свои приврзаници и од другите српски градови.
Неколку илјади граѓани се собраа во вторникот вечерта на протестен состанок во Нови Сад поради смртта на 14 лица во уривањето на бетонската настрешница на железничката станица, барајќи да си поднесат оставка сите директно и индиректно одговорни за трагедијата и тие да бидат кривично одговара.
Настрешницата падна врз луѓето на 1 ноември, при што загинаа 14 лица, главно млади луѓе, додека други тројца беа тешко повредени и се во критична состојба.