Полицијата во Капитол уапси маж со факел и пиштол за сигнални ракети, уште двајца уапсени поради закана за изборите

Во вторникот во центарот за посетители на вашингтонски Капитол е уапсен маж кој мирисал на гориво и носел факел и пиштол за сигнални ракети, се вели во соопштението на полицијата која ја обезбедува областа на американскиот портал.

Телевизијата CNN објави дека мажот минувал низ рутинската безбедносна проверка и дека полицајците виделе пиштол за синални ракети и факел. Човекот имал и два резервоара кои, кога биле отворени, мирисале на бензин, рекол службеник.

Мажот веднаш бил приведен.

„Нашите полицајци штотуку уапсија човек кој беше запрен за време на процесот на скрининг во Центарот за посетители на Капитол (CVC). Човекот мирисаше на гориво, имаше пламен и пиштол за палење“, се вели во соопштението на полицијата на Капитол.

Центарот за посетители на Капитол ќе остане затворен до крајот на денот.

Истовремено, агенти на Федералното биро за истраги (FBI) уапсија две лица во Мичиген поради закани поврзани со изборите во САД, извести порталот Detroit News.

Според истиот медиум, едно од осомничените лица е Исак Сисел, кој наводно користел корисничко име „ShootUpTrumpRally“ на платформата Redit и изјавил пред истражителите дека „сè би било подобро доколку Трамп е мртов“.

Инаку, Трамп најави дека планира да ги следи изборните резултати во своето одморалиште Мар-а-Лаго на Флорида, во друштво на семејството и пријателите.

Вториот осомничен е Кристофер Клеј Принс, кој е обвинет за повеќегодишни закани кон политичкиот акционен комитет поврзан со демократите. Претходно, FBI го предупредиле дека може да биде кривично гонет ако продолжи со ваквото однесување.