![oblacno-sonce](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2016/04/oblacno-sonce.jpg?resize=463%2C356&ssl=1)
Во средата наутро во Македонија е студено со услови за слаба магла по котлините. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од јужен правец.
Утринските температури се движат од минус 5 до 5, додека соодветно највисоките во текот на денот ќе бидат во интервалот меѓу 12 и 19 Целзиусови степени.
Во Скопје околината, исто така, утрото е студено со услови за појава на слаба магла, а преку денот ќе биде сончево со мала облачност и тивко. Температурата ќе достигне д0 17 степени.