Ќе и помогнеме на нашата земја да заздрави, изјави денеска републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп.
Тој им се обрати на своите поддржувачи во Палм Бич на кои им вети дека „ќе ги поправи границите“, додавајќи дека тој и неговата партија испишале историја со причина.
„Ви благодарам на сите, ова е одлично. Ова е движење што никој досега не го видел. Ова е најголемото политичко движење на сите времиња. Никогаш немало вакво движење во Америка. И сега ќе достигне ново ниво на важност. Ќе ја излечиме Америка. Се ќе средиме кај нас. Поминавме пречки за кои многумина мислеа дека е невозможно да се преминат. Ова е политичка победа каква што Америка никогаш не видела. Сакам да му се заблагодарам на американскиот народ за поддршката“, изјави Трамп.
Тој истакна дека „Бог со причина го поштедил неговиот живот“.
– И таа причина беше да ја спасиме нашата земја и да ја вратиме Америка на нејзината величина. И сега ќе ја исполниме таа мисија заедно. Задачата пред нас нема да биде лесна, но ќе ја употребам секоја унца енергија, дух и борба, што ги имам во мојата душа, за работата што ми ја доверивте – им рече тој на поддржувачите.
-И трките во Сенатот во Монтана, Невада, Тексас, Охајо, Мичиген, Висконсин, големиот Комонвелт на Пенсилванија, сите беа освоени од движењето МАГА (Make America Great Again), рече Трамп.