Гутереш му честиташе на Трамп за победата на американските избори

енералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш денеска ја окарактеризира соработката меѓу САД и Обединетите нации како „главен столб на меѓународните односи“, честитајќи му на Доналд Трамп на изборната победа, јави ДПА.

„Му честитам на новоизбраниот претседател Доналд Џ. Трамп и го потврдувам моето уверување дека соработката меѓу САД и Обединетите нации е суштински столб на меѓународните односи“, рече Гутереш.

Тој, исто така, го пофали „народот на САД за неговото активно учество во демократскиот процес“.

Гутереш, исто така, рече дека ОН „се подготвени да работат конструктивно со идната американска администрација за справување со драматичните предизвици со кои се соочува нашиот свет“.