НБА: Јокиќ и Денвер ѝ го нанесоа првиот пораз на Оклахома, Кливленд сѐ уште непоразени

Денвер Нагетс им го нанесоа првиот пораз сезонава на Оклахома Сити Тандер, победувајќи ги со 124:122. Никола Јокиќ постигна 23 поени со 20 скока и 16 асистенции, Пејтон Вотсон направи решавачка блокада на секунда пред крајот, а домаќинот Денвер ѝ го нанесе на Оклахома првиот пораз сезонава.

Расел Вестбрук постигна 29 поени, а Мајкл Портер Џуниор и Кристијан Браун имаа по 24, додека Денвер ја прекина серијата од четири порази против Оклахома Сити. Јокиќ го забележа четвртиот „трипл-дабл“ сезонава.

Најдобар во редовите на Тандер, за кои ова е прв пораз сезонава по седум победи, беше Џејлен Вилијамс со 29 поени, 10 скока и девет асистенции за Тандер. Шаи Гилџеус-Александер додаде 28 поени.

Кливленд Кавалирс остана единствениот непоразен тим во НБА лигата, тие синоќа ја забележаа деветтата победа совладувајќи го Њу Орлеанс Пеликанс со 131:122. На полувремето резултатот беше израмнет на 59:59, но потоа Кавалирс се одлепија со серија од 16-4.

Донован Мичел постигна 29 поени за Кливленд, кој го има најдобриот старт во историјата на франшизата со девет победи и ниту еден пораз од сезоната 1976/1977. кога имаа 8-0.

Џерет Ален додаде 16 поени и 14 скока, Карис Леверт додаде 16, Еван Мобли 15, Дариус Гарланд 14, а Тај Џером 11. Кај Пеликанс најдобар беше Зион Вилијамсон со 29 поени, а Хозе Алварадо постигна 27.

Лос Анџелес Клиперс синоќа на домашен терен беа подобри од Филаделфија 76ерс со 110:98. Ивица Зубац повторно се истакна со 15 поени (шут 7/9 од поле), девет скока, три асистенции и една украдена топка. Норман Пауел постигна 26 коша, а Џејмс Харден постигна 18 за Лос Анџелес, кој ја оствари втората последователна победа во својот нов „Intuit Dome“.

Пол Џорџ постигна 18 поени за 76ерс во неговиот втор натпревар сезонава и прв против неговиот поранешен тим откако замина како слободен агент во вонсезоната. Осумнаесет поени додаде Кели Оубре Џуниор.

Лука Дончиќ постигна 27 поени и 13 асистенции предводејќи ги домашните Далас Маверикс во победата над Чикаго Булс со 119:99. Маверикс ја искористија лошата транзициска одбрана на Чикаго, постигнувајќи 21 поен во против напади остарувајќи предност едно време и од 30 поени.

Булс, кои играа без Ол-старот Зак ЛаВин, имаа шут само 41,9 отсто од поле и погодија само 12 од 42 (28,6 отсто) обиди за „тројка“.

РЕЗУЛТАТИ

Шарлот Хорнетс – Детроит Пистонс 108:107
Индијана Пејсерс – Орландо Меџик 118:111
Атланта Хокс – Њујорк Никс 121:116
Бостон Селтикс – Голден Стејт Вориорс 112:118
Хјустон Рокетс – Сан Антонио Спарс 127:100
Мемфис Гризлис – Лос Анџелес Лејкерс 131:114
Њу Орлеанс Пеликанс – Кливленд Кавалирс 122:131
Далас Маверикс – Чикаго Булс 119:99
Денвер Нагетс – Оклахома Сити Тандер 124:122
Феникс Санс – Мајами Хит 115:112
ЛА Клиперс – Филаделфија 76ерс 110:98
Сакраменто Кингс – Торонто Репторс 122:107

ТАБЕЛИ

ИСТОЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА
Атлантска дивизија

  1. Бостон Селтикс 7 2 .778 —
  2. Бруклин Нетс 4 4 .500 2 1/2
  3. Њујорк Никс 3 4 .429 3
  4. Торонто Репторс 2 7 .222 5
  5. Филаделфија 76ерс 1 6 .143 5

Централна девизија

  1. Кливленд Кавалирс 9 0 1.000 —
  2. Индијана Пејсерс 4 4 .500 4 1/2
  3. Чикаго Булс 3 5 .375 5 1/2
  4. Детроит Пистонс 3 6 .333 6
  5. Милвоки Бакс 1 6 .143 7

Југоисточна дивизија

  1. Атланта Хокс 4 5 .444 —
  2. Мајами Хит 3 4 ,429 —
  3. Шарлот Хорнетс 3 5 .375 0 1/2
  4. Орландо Меџик 3 6 .333 1
  5. Вашингтон Визардс 2 4 .333 0 1/2

ЗАПАДНА КОНФЕРЕНЦИЈА
Пацифичка дивизија

  1. Феникс Санс 7 1 .875 —
  2. Голден Стејт Вориорс 7 1 .875 —
  3. Сакраменто Кингс 5 3 .625 2
  4. Лос Анџелес Лејкерс 4 4 .500 3
  5. Лос Анџелес Клиперс 4 4 .500 3

Југозападна дивизија

  1. Хјустон Рокетс 5 3 .625 —
  2. Далас Маверикс 5 3 .625 —
  3. Мемфис Гризлис 5 4 .556 0 1/2
  4. Сан Антонио Спарс 3 5 .375 2
  5. Њу Орлеанс Пеликанс 3 6 .333 2 1/2

Северозападна дивизија

  1. Оклахома Сити Тандер 7 1 ,875 —
  2. Денвер Нагетс 5 3 .625 2
  3. Минесота Тимбервулвс 4 3 .571 2 1/2
  4. Портланд Трејл Блејзерс 3 5 .375 4
  5. Јута Џез 1 6 .143 5 1/2