Петрушевски: ДЗР констатира дека некои одлуки за одобрување на средства од Владата на СДС и ДУИ не се објавувани

ДЗР во Ревизија за 2023 година, на министерството за финансии и буџетските трошења констатира низа нерегуларности. Власта на СДС и ДУИ крајно нетранспарентно ги трошела народните пари. Милиони евра народни пари се трошени на сомнителен начин, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

-Ревизорот констатира дека власта на СДС и ДУИ не ги објавувала одлуките за одобрување на средства од раздел МФ – функции на државата во службено гласило, истакна тој.

Пратеникот прашува: Што криеле СДС и ДУИ?

-Со СДС и ДУИ јавните финансии се управувани недомаќински и неодговорно. Граѓаните не знаеле каде одат нивните пари. 7 години се трошени цели буџети, а ништо не е мрднато од мртва точка. Неспособноста заврши со СДС и ДУИ. Следува економска трансформација на Македонија, вели Петрушевски.