Скок на кинескиот извоз во октомври

Кинескиот извоз силно се зголеми во октомври, како одраз на скокот на испораките во Европа и САД, покажаа податоците на царинската управа објавени во четвртокот.

Извозот во октомври скокнал за 12,7 отсто во однос на истиот месец лани, речиси шест пати посилен од септември. Увозот, пак, е намален за 2,3 отсто. Во септември беше во стагнација.

Во октомври Кина забележала трговски суфицит со светот од 95,7 милијарди долари, што е за 17,1 отсто поголем од претходниот месец.

Скокот на извозот е проследен со зголемување на испораките во Европа. Испораките до дестинации во САД, исто така, значително се зголемиле, со раст од 8,1 отсто, при што мобилните телефони, таблетите и конзолите за видео-игри се на врвот на табелата.

Кина, пак, увезла значително помалку стоки од Европската унија и од југоисточна Азија, според падот на вредноста на испораките за 6,1 отсто, односно 7,3 отсто. Увозот од Јужна Кореја скокнал за 10,9 отсто, достигнувајќи го највисокото ниво за нешто повеќе од две години.

Кинеските рафинерии значително го намалија купувањето сурова нафта во октомври, за 9 отсто во споредба со истиот месец лани. Сепак, увозот на соја во Кина од САД нагло се зголемил, бидејќи американските трговци со житарки ја искористија можноста за продажба на рекордно добрата жетва.