Трамп објави дека Сузи Вајлс ќе биде шефица на кабинетот на Белата куќа

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп во четвртокот објави дека неговата шефицата на кампањата Сјузан Самервол Вајлс ќе биде и шефица на кабинетот на Белата куќа, предавајќи ја функцијата на политичката оперативка која му помогна да победи на изборите.

Вајлс ќе биде првата жена на функцијата шефица на кабинетот на Белата куќа.

„Сузи Вајлс ми помогна да ја постигнам една од најголемите политички победи во американската историја и беше составен дел од моите успешни кампањи во 2016 и 2020 година“, се вели во соопштението на Трамп.

„Сузи е цврста, паметна, иновативна ѝ се восхитуваат и ја почитуваат насекаде. Не се сомневам дека таа ќе ја направи нашата земја горда“, додава Трамп.

Шефот на кабинетот обично има големо влијание, управувајќи со персоналот во Белата куќа, организирајќи го времето и распоредот на претседателот и одржува контакт со другите владини оддели и пратеници.