
На Интернет се појавија сведоштва од припадник на специјалните единици на српската војска, кој сведочи за измачувањето, убивањето и вадењето на органите на Србите на Косово, како и нивниот транспорт и продажба во Турција и Сирија.
Српскиот офицер Лазар тврди дека меѓу жртвите се наоѓаат Срби, но и Албанци, како и дека меѓу нив имало и деца.
– Жртвите се страшно измачувани, а потоа органите им се вадени додека се уште биле живи – раскажува Лазар.
Тој напоменува дека ваквите ужаси во Косово започнале заедно со судирите во оваа поранешна српска покраина, како и дека вакви работи се уште се случуваат.
Во текстот се потсетува на репортажата на германски „Дојче веле“, која исто така известуваше за трговијата со органи на Косово, како и за истрагата која е отворена за тој случај.
Погледнете го сведочењто на српскиот офицер за измачувањето на Србите: