Општина Кисела Вода ја започна редовната есенска дератизација, дезинсекција и дезинфекција на над 2100 шахти на територијата на целата општина која ги опфаќа сите урбани и месни заедници. Оваа редовна акција има за цел да ги уништи штетните глодари, но се врши и како превенција од заразни болести. Во рамки на оваа есенско чистење, со дезинфекција ќе се опфатат и сите градинки и основни училишта во Кисела Вода. Ги известуваме жителите од нашата општина дека процесот на оваа есенска акција се врши исклучиво со препарат од сертифициран производител кој има за цел да ја намали популацијата на глодарите, издаден со одобрение од Министерството за здравство на Република Македонија.
Колективното здравје е едно од приоритетите на нашите залагања од програмата за работа на локалната самоуправа и ваквите и слични акции ќе продолжат и понатаму.